Линкови за пристапност

ИСИС засилено напаѓа во Ирак


Во нападите на Исламската држава во Ирак во неделата, загинаа најмалку 29 лица, а повеќе од 70 се повредени

Во нападите на Исламската држава во Ирак во неделата, загинаа најмалку 29 лица, а повеќе од 70 се повредени.

Ирачките претставници соопштија дека еден од самоубиствените напади се случил во погон за природен гас во државна сопственост, на 20-тина километри северно од Багдад.

По овој напад, друго комбе во кое имало уште шест други терористи со појаси со експлозив, успеало да влезе во објектот.

Во меѓувреме во ирачкиот главен град, во три одвоени бомбашки напади, чија цел биле комерцијални области, загинале најмалку осум цивили, а повредени се 28 други.

XS
SM
MD
LG