Американскиот претседател Барак Обама се очекува во понеделник да објави дека САД ќе ја завршат својата борбена мисија во Ирак како што е планирано.
Обама го постави 31 август како рок за повлекување на борбените трупи.
Со тоа, во Ирак ќе останат 50.000 трупи што ќе служат како транзициони сили. Нивна задача ќе биде помагање во обуката на ирачки војници и изведување на контра-терористички операции.
За ова Обама ќе зборува во обраќање пред ветерани во Атланта, Џорџија, од што извадоци беа однапред објавени.
Претседателот постави цел да ги повлече сите американски трупи до крајот на 2011.
Во Ирак, во понеделник, ирачки претставници велат дека двајца цивили биле убиени кога експлодирала бомба на пат во јужен Багдад. Во експлозијата биле ранети и четворица други.
Во Фалуџа, бомба разнела куќа на полицаец. Полицаецот и други две лица загинале, а седуммина други биле повредени.