Во експлозија на автомобил-бомба на прометна улица во западниот град Фалуџа загинале најмалку 7, а повредени се преку 20 лица, соопшти ирачката полиција.
Бомбата била активирана рано понеделникот во близина на армиски контролен пункт, на кој се наоѓала група работници.
Фалуџа е лоцирана во провинцијата Анбар, каде нивото на насилството беше релативно ниско откако лидерите на сунитските милитанти во 2006-та година се свртеа против Ал-Каида и почнаа да им помагаат на американските и ирачките сили.
Најновиот инцидент се случува во време кога Ирак ги пребројува гласовите од парламентарните избори одржани на 7-ми март.