Линкови за пристапност

САД би можеле да ги задржат трупите во Ирак по рокот за повлекување


САД би можеле да ги задржат трупите во Ирак по рокот за повлекување
САД би можеле да ги задржат трупите во Ирак по рокот за повлекување

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс вели дека САД се расположени да го одржат военото присуство во Ирак после 2011 , доколку ирачката влада тоа го побара.

Зборувајќи пред американските војници во Ирак во четврток, Гејтс кажа дека одлуката треба брзо да биде донесена за тоа дали трупите ќе останат во државата по рокот за повлекување, што е на крајот на годината. Тој кажа дека има интерес за продолжување на присуството, но дека иницијативата мора да дојде од Ирачаните.

Гејтс кажа дека ова веројатно ќе биде негово последно патување во Ирак пред да ја напушти функцијата подоцна годинава. Се очекува тој да се сретне со ирачки лидери да разговара за напредокот на државата во пополнување на испразнетите места во владата, вклучувајќи го и местото на министер за одбрана.

Тој пристигна од Саудиска Арабија, каде имал разговори во средата со Кралот Абдула за политичките немири на Блискиот исток и Северна Африка.

XS
SM
MD
LG