Линкови за пристапност

Ирански рапер осуден поради минатогодишните протести


Песните на Томај Салехи ги осудуваа исламистичките владетели на Иран и согледаните неправди извршени врз иранскиот народ
Песните на Томај Салехи ги осудуваа исламистичките владетели на Иран и согледаните неправди извршени врз иранскиот народ

Иранскиот рапер Томај Салехи, кој беше уапсен за време на минатогодишните протести низ целата земја, е осуден на шест години и три месеци затвор, објави во понеделникот неговиот профил на Твитер, управуван од поддржувачите.

Неговата адвокатка, Роса Етемад Ансари, за весникот „Шарг“ изјави дека Салехи е осуден поради обвинението за „корупција на Земјата“, кое се казнува со смрт.

Ансари рече дека е ослободен од обвиненијата за „навреда на основачот и лидерот на Исламската Република“ и „соработка со непријателски влади“.

Судењето на Салехи се одвиваше зад затворени врати и без медиумско покривање. Во медиумите недостигаат информации за постапката и начинот на кој се води неговиот случај. Имаше и наводи за тортура и присилно признавање.

Стејт департментот на САД постојано изразува длабока загриженост во врска со „сериозниот третман од режимот“ кон Салехи, барајќи од Иран да стави крај на таквото однесување.

Салехи беше приведен од иранските власти на 30 октомври 2022 година. Неговите песни ги осудуваа исламистичките владетели на Иран и согледаните неправди извршени врз иранскиот народ.

Како и илјадници други претежно млади Иранци, Салехи го прифати широко распространето антивладино протестно движење кое започна во септември минатата година по смртта на 22-годишната Махса Амини во притвор на иранската полиција за морал.

Во деновите пред апсењето, тој на Инстаграм објави видеа на кои учествува во мирни улични демонстрации и ги повикува другите да го сторат истото.

XS
SM
MD
LG