Линкови за пристапност

Трет ден на жалост во Иран по убиството на генералот


Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Каменеи ја водеше молитвата за Ќасем Солеимани во понеделник, додека стотици илјади луѓе се собраа во Техеран во знак на жалост за главниот ирански генерал.

Неколку дена откако во американски напад беше убиен Солеимани кој во конвој патувал во соседен Ирак , на врховниот лидер му се приклучи претседателот Хасан Рухани и други високи ирански официјални лица во оддавање почит на церемонија пренесувана на државната телевзија.

Ќерката на Солеимани, Зеинаб, на церемонијата изрече предупредување за САД и за Израел.

Понеделничката поворка уследи по слична одржана во неделата во југозападниот град Ахваз.

Иран прогласи тридневна жалост пред закопот на Солеимани во неговиот роден град Керман, во вторник.

Како раководител на Кудските сили, што е странска гранка на иранската тврдолинијашка Исламска револуционерна гарда, Солеимани помогнал да се оркестрираат тајните и армиските операции на Техеран во странство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG