Линкови за пристапност

Втор ден нуклеарни преговори во Оман за иранската нуклеарна програма


Иран, САД и Европската унија веќе втор ден во Оман разговараат за сеопфатен договор за иранската нуклеарна програма пред истекот на крајниот рок на 24-ти ноември.

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф, американскиот државен секретар Џон Кери и шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон се обидуваат да постигнат спогодба, но засега нема знаци на пресвртен напредок и клучните пречки се` уште не се отстранети.

Американскиот претседател Барак Обама во ТВ-интервју емитувано вчера кажа дека страните се` уште се далеку од спогодба. Средбата во Оман е најдобрата шанса на американската влада да изврши притисок за нуклеарен договор пред скептичните републиканци да ја преземат контролата врз Конгресот во јануари наредната година.

Клучни спорни прашања на преговорите се бројот и видот на центрифугите за збогатување на ураниум што Иран би имал дозвола да продолжи да ги употребува, обемот на странски инспекции, под услов да се постигне спогодбата, како и брзината со која би се отстраниле економските санкции од Западот

XS
SM
MD
LG