Линкови за пристапност

САД и Иран во директни разговори


Разговорите за нуклеарната програма на Иран се случуваат меѓу две рунди на застоените преговори на групата П5+1

Официјални лица од САД и Иран во понеделник започнуваат дводневни директни разговори за иранската нуклеарна програма, со рокот за постигнување на сеопфатен меѓународен за само седум недели.

Американскиот заменик државен секретар Вилијам Бурнс и иранскиот заменик министер за надворешни работи Абас Аракчи ги водат нивните делегации на средба во Женева, што доаѓа меѓу застоените рунди на меѓународни преговори од минатиот месец и следната закажана за идната недела.

Хелга Шмит, заменичка на Кетрин Аштон од ЕУ исто така зема учество на разговорите.

Аштон ги предводеше преговорите на таканаречената група П5+1, што ги вклучува САД, Британија, Франција, Кина, Русија и Германија низ повеќе рунди разговори со Иран што произведоа привремен договор минатиот ноември.
XS
SM
MD
LG