Линкови за пристапност

Обама го брани договорот со Иран


Но, aмериканскиот претседател кажа дека сите опции остануваат на маса и покрај договорот, за да се обезбеди Иран да не поседува нуклеарно оружје.

Американскиот претседател Барак Обама го бранеше нуклеарниот договор што светските сили го постигнаа со Иран, велејќи дека „тоа е вистинската работа“ за безбедноста.

Израелските претставници и некои членови на Конгресот го критикуваа договорот, велејќи дека тој му дозволува на Иран да задржи премногу од нивната нуклеарна програма негибната, нудејќи премногу олеснување на санкциите.

Доцна во понеделникот во Лос Анџелес Обама кажа дека дури и со договорот, сите опции се на маса да се обезбеди дека Иран не поседува нуклеарно оружје.

Претходно, во Сад Франциско, претседателот го фалеше пактот како прв напредок во запирањето на иранската нуклеарна програма во децении, и ја нагласи потребата од натамошен дипломатски напор.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испраќа тим за национална безбедност во Вашингтон наредниве денови за консултации со администрацијата на Обама за трајно решение во врска со прашањето.
XS
SM
MD
LG