Линкови за пристапност

Бавен напредок на „тешките“ нуклеарни разговори


Разговорите сега влегуваат во „сериозна фаза“, кажа иранскиот предводник на делегацијата во Женева

Преговарачите од Иран и шест светски сили се среќаваат во четврток во Женева во нивниот најнов обид да се реши спорот стар една деценија во врска со иранската нуклеарна програма.

Серијата на разговори започна со, како што беше опишано, „добра средба“ за време на појадок меѓу иранскиот Министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф и шефот за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Аштон, која го предводи тимот на ОН.

Целосни делегации од Иран, петте постојани членки на Советот за безбедност, Германија и ЕУ потоа заедно се сретнаа на 45 минути. Средби во помали групи се случуваа преку целиот ден.

Зариф кажа дека неговите разговори со Аштон „минале добро“, јави Ројтерс.

Тој продолжи, „Почнува да се движиме кон подетални дискусии ова попладне. Се надевам дека напредуваме, но тешко е.“

Портпарол на ЕУ вели дека разговорите сега влегуваат во „сериозна фаза.“
XS
SM
MD
LG