Линкови за пристапност

САД и Русија бараат поголема јасност за иранското нуклеарно прашање


Лавров и Кери дискутираа за потребата од развивање специфични предлози за иранската нуклеарна програма

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во понеделникот по средбата со државниот секретар Џон Кери на маргините на економскиот самит во Индонезија рече дека Иран најверојатно сака „поголема јасност“ за начинот работите да напреднат.

„Иран веројатно сака поголема јасност. Поконкретни чекори на патот кој ќе води до резултати што сите ги посакуваме. Мислам дека за тоа ќе се дискутира следната недела во Женева, средба на која Иран се согласи“, изјави Лавров.

Кери рече дека САД се охрабрени од неодамнешните чекори на Иран, но дека акција, а не зборови е тоа што ќе направи вистинаска разлика.

„Од иранската страна ни е потребен пакет предлози кои целосно ќе му покажат на светот дека нивната програма е за мирољубиви цели. Јасно ставивме со знаење дека ако има вакви индикатори, САД и сојузниците се подготвени да преземат акции, согласни нивните. “, рече американскиот државен секретар.
XS
SM
MD
LG