Линкови за пристапност

Рухани се надева на брзо решение по нуклеарното прашање


Иранскиот претседател вели дека Барак Обама поставил нов тон што создава оптимизам.

Иранскиот претседател Хасан Рухани вели дека се надева оти разговорите со светските сили за иранската нуклеарна програма ќе дадат резултати за краток временски период.

На прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН, Рухани истакна дека претседателот Барак Обама поставил нов тон што кај него оставил оптимизам за брзо решавање на нуклеарното прашање.

Тој додаде дека неговиот избор на функцијата во јуни, помогнало да се отвори патот за подобри односи меѓу Иран и Западот.

Рухани подвлече дека не се сретнал со претседателот Обама неделава во Њујорк бидејќи немало доволно време да се планира таква средба.
XS
SM
MD
LG