Новиот претседател на Иран, умерениот свештеник Хасан Роухани, даде заклетва на функцијата пред парламентот во неделата, повикувајќи на дијалог со Запад за да се намали „антагонизмот и агресијата“.
Еден ден откако формално беше поддржан и потврден во својата нова улога од Ајатолахот Али Каменеи, врховниот лидер на Иран, Роухани кажа дека ривалските нации може да „зборуваат со Иран со јазик на почитување, а не со јазик на санкции“.
Тој вети дека ќе се бори против корупција и сите форми на дискриминација, велејќи дека иранскиот народ бара реформа, промена и просперитет преку гласачката кутија.
Шеесети четиригодишниот свештеник лесно ги победи неговите конзервативни противницина јунските избори. Тој вети дека ќе примени помалку конфронтирачка политика со странство со цел да ги олесни меѓународните санкции спрема иранската економија во врска со нивната нуклеарна политика.
Во Вашингтон, портпаролот на Белата куќа Џеј Карни одговори во рок од неколку часа, велејќи дека САД се подготвени да работат со владата на Роухани доколку е сериозна за таков ангажман.