Линкови за пристапност

Американски носач на авион на Блискиот Исток


САД изразија загриженост дека Иран може да планира напад на американски цели

Портпаролот на американската централна авио команда за Гласот на Америка изјави дека транзитот на носачот на авиони завршил во четвртокот преку Суецкиот канал, додека бомбардерите Б-52, исто така, пристигнаа во регионот во средата и четвртокот.

Американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ и четири бомбардери Б-52 пристигнаа на Блискиот Исток, откако САД изразија загриженост дека Иран може да планира напад на американски цели.

„Имаме информации за кои не сакате да знаете. Тие беа многу заканувачки и ние мораме да имаме голема сигурност за оваа земја и за многу други места“, рече претседателот Доналд Трамп.

Американската војска пристигна на Блискиот Исток откако европските лидери ги осудија заканите од Иран во однос на својата нуклеарна програма, потег што би го нарушил историскиот глобален договор.

И покрај повлекувањето на САД од договорот, претседателот Трамп во средата воведе нови санкции за иранскиот извоз на метал, што е главен извори на приходи за оваа западно-азиска земја.

Санкциите создадоа дилема кај европските сојузници на Вашингтон, кои изразија загриженост поради однесувањето на Иран, но сметаат дека стратегијата на Трамп најверојатно ќе има негативни последици.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG