Линкови за пристапност

Новите преговори за нуклеарната програма на Техеран - практични


Вака ги опишува заедничкото соопштение на Иран и Групата П5+1.

Шест светски сили и Иран ги завршија дводневните разговори за нуклеарната програма на Техеран со заедничкото соопштение, што не е честа пракса, во кое се изразува надеж за процесот.

Тонот на обете страни во Женева претставува драматичен пресврт од претходните разговори меѓу Иран и Групата П5+1 (Британија, Кина, Франција, Русија, САД + Германија), во кои не беа надминати разликите околу иранската нуклеарна програма.

Виш американски претставник ги опиша најновите преговори како „интензивни, детални, прецизни и искрени“. Белата куќа коментираше дека тие покажале досега невидено „ниво на сериозност и издржаност“.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф изјави дека се работи за чекори напред за да „се стави крај на непотребната криза“.

Шефицата за надворешна политика на ЕУ Кетрин Ештон, пак, рече дека разговорите биле практични и со прогресивни идеи и најави нова рунда на 7-ми и 8-ми ноември во Женева.
XS
SM
MD
LG