Новоизбраниот ирански претседател Хасан Рухани се заложи за конструктивен дијалог со светските сили.
Во мислењето објавено во Вашингтон пост, Рухани пишува дека „минало времето на закрвеност“, како и дека од светските водачи се очекува да дадат пример со тоа што „наместо закани, ќе создаваат можности“. Текстот на Рухани беше објавен синоќа, на само неколку дена пред неговото обраќање на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
ТВ-мрежата НБЦ претходно неделава емитуваше интервју со Рухани, а во наредните неколку дена ќе биде присутен и на други медиуми.
Иран е под санкции на ОН и на западните земји поради контроверзната нуклеарна програма. Некои светски сили веруваат дека иранската влада се обидува да создаде нуклеарно оружје, но официјален Техеран инсистира дека програмата за збогатување на ураниум е исклучиво за мирољубиви цели. Во текстот во Вашингтон пост, Рухани наведува дека генерирањето на нуклеарен потенцијал се однесува исто толку на иранското барање за достоинствен третман и респект колку и на создавањето на разновидност на енергетските ресурси.