Линкови за пристапност

Помпео побара поголема меѓународна соработка против иранското однесување


Иран продолжува да стимулира терор и кофликт во Ирак, Либан, Сирија и во Јемен, рече државниот секретар на САД при обраќање во ОН

Државниот секретар на САД Мајк Помпео, при обраќањето во Обединетите нации, повика на поголема меѓународна соработка, со цел да се спречи иранското однесување во регионот и пошироко.

„Исламската Република Иран продолжува да стимулира терор и кофликт во Ирак, Либан, Сирија и во Јемен, што доведува до несогледливи човечки последици“, изјави Помпео на состанокот на Советот за безбедност за Блискиот исток, нагласувајќи го неодамнешното збогатување на ураниум преку меѓународно дозволените лимити.

Тензиите меѓу САД и Иран се зголемија откако администрацијата на Трамп одлучи да ги повлече САД од Иранскиот нуклеарен договор, кој беше склучен во времето на претседателот Барак Обама.

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации ги обвини САД за военото присуство во регионот, и за повлекување од Договорот.

САД, пак, го обвини Иран за неколку напади на бродови изминативе месеци.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG