Линкови за пристапност

Трамп денес ќе објави дали САД остануваат дел од Иранскиот нуклеарен договор


Најави дека ќе ја соопшти одлуката во два часот попладне, локално време

Претседателот Доналд Трамп, денес треба да ја објави одлуката дали САД остануваат дел од Договорот за нуклеарно оружје меѓу Иран и групата светски сили, кој беше склучен пред три години.

Претседателот соопшти дека до сабота ќе одлучи дали повторно ќе ги воведе американските санкции кон иранскиот нафтен и банкарски сектор.

Овие мерки, заедно со оние наметнати од Европската унија и другите држави, првично биле воспоставени да извршат притисок врз Иран, со цел да се откаже од Програмата за развивање нуклеарно оружје.

Како дел од договорот со САД, Велика Британија, Кина, Франција, Русија и Германија, Техеран се согласи да ја ограничи нуклеарната активност, во замена за олеснување на санкциите.

Трамп, на неговиот Твитер профил, напиша дека ќе ја соопшти одлуката во два часот попладне, локално време.

Иран тврди дека има право на програма за ракетна одбрана. Иранскиот претседател Хасан Рухани изјави дека неговата држава е подготвена да остане дел од Договорот за нуклеарно оружје, ако другите потписнички се држат до истиот.

Изминативе недели, европските сојузници лобираа Трамп да не се повлече од постоечкиот Договор, сигнализирајќи подготвеност за решавање на проблемите со балистичката програма и активностите на Иран на Блискиот исток, преку дополнителни преговори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG