Линкови за пристапност

Европа повикува на контрола на тензиите САД - Иран


Загриженоста од ескалација на ситуацијата беше тема и на вчерашниот разговор меѓу Могерини и Помпео

Како што тензиите растат меѓу САД и Иран, Европа ги повика сите држави да избегнат натамошна ескалација.

САД распоредија носач на авион на Блискиот исток, со цел да се справат со, како што вели администрацијата, јасните закани од Иран за американските сили.

Воениот аналитичар Џек Ветлинг од Институтот за кралски обединети служби во Лондон, вели дека распоредувањата не се необични.

„Прашањето е како Иран ќе возврати? Како ќе му покаже на САД дека ако продолжат да го притискаат ќе мора да им возврати? Постои ризик од ескалација“, изјави Ветлинг за Глас на Америка.

Европа верува дека ризикот е преголем, што вчера му беше кажано и на американскиот државен секретар Мајк Помпео при разговорот со шефицата на дипломатијата на Европската Унија Федерика Могерени.

САД се повлекоа од Иранскиот нуклеарен договор пред една година. Оттогаш, Европа го повикува Иран да ги почитува договорените обврски.

„Она што го гледаме изминатава недела е дека притисокот на администрацијата на Трамп ги принудува Иранците да не ја почитуваат клучната компонента од Нуклеарниот договор“, рече Ветлинг.

Во меѓувреме, САД продолжуваат да го затегнуваат економскиот обрач. Индија беше главен увезувач на иранска нафта, но, престана овој месец по обновените санкции на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG