Линкови за пристапност

Техеран бара ослободување на иранските затвореници во САД среде нуклеарните разговори во Виена


Портпаролот на Иранскиот кабинет рече дека идејата за размена на затвореници секогаш била на агенда, објави Асошиетед прес

Иран бара да се ослободат сите ирански затвореници во САД среде нуклеарните разговори во Виена, чија цел е да го вратат Вашингтон во Нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили, објави Асошиетед прес.

Портпаролот на Иранскиот кабинет, исто така, сигнализираше дека друга размена на затвореници меѓу Иран и Америка била можна, велејќи дека идејата за размена на затвореници секогаш била на агенда.

Тој додаде дека затворениците треба да бидат ослободени од хумани причини, и не кажа детали колку Иранци се наоѓаат во затворите во САД.

Според него, објавувањето на имињата би можело да им наштети.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG