Линкови за пристапност

Вжештена реторика САД - Иран, но, двете страни не сакаат војна


Во серија твитови, Трамп ги офрли како „навредливи и игнорантни“ иранските соопштенија за можноста на прекинување на дипломатските канали со САД

Виши американски и ирански официјални лица ги продолжија вербалните напади, додека и обете страни инсистираат дека сакаат да избегнат војна.

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Каменеи ги оцени „САД, најбрутален режим во светот и извор на војни и конфликти“.

Ирански официјален претставник ги оцени последните санкции врз Каменеи како беспредметни и оти нема да ја ослабат моќта на државата.

Иранскиот претседател оцени дека неговата држава не сака војна со САД, но, одлучно ќе возврати на која било агресија.

Американскиот претседател Доналд Трамп, претходно преку социјалните медиуми, го предупреди Техеран дека кој било напад врз се што „е американско“ ќе биде возвратено со огромна воена сила.

Во серија твитови, Трамп ги офрли како „навредливи и игнорантни“ иранските соопштенија за можноста на прекинување на дипломатските канали со САД.

Потпретседателот Мајк Пенс и вршителот на должноста секретар за одбрана Марк Еспер се меѓу вишите лица од актуелната администрација кои јавно се огласија дека Вашингтон не сака војна во Техеран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG