Линкови за пристапност

САД не му издадоа виза на иранскиот министер за надворешни работи


Соединетите американски држави го одбија барањето за виза на министерот за надворешни работи на Иран со цел да го посети седиштето на Обединетите нации во Њујорк за да присуствува на средба на Советот за безбедност во четврток, што е прекршување на договорот за пристап до седиштето на ОН од 1947 година.

Министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави дека бил информиран за одлуката од генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, привлекувајќи критики од иранскиот лидер на Твитер.

Договорот на ОН од 1947 година генерално бара САД да им дозволат на странските службеници пристап до ОН. Но, администрацијата на Трамп останува на ставот дека може да одбие да издаде виза од причини поврзани со „безбедност, тероризам и надворешна политика“.

Американскиот Стејт департмент одби да го коментира случајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG