Линкови за пристапност

Иранскиот врховен лидер го нарече Трамп кловн


Тој изјави дека американскиот претседател само се преправал оти го поддржува иранскиот народ, јави Асошиетед прес

Иранскиот врховен лидер Али Хаменеи изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп е „кловн“ кој само се преправал дека го поддржува иранскиот народ, и оти претставувал закана зад нивниот грб, јави Асошиетед прес.

Хаменеи рече дека масовната излезност на погребот на иранскиот генерал Солејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад на почетокот на месецов, покажувала дека иранскиот народ ја поддржува Исламската Република.

Тој нагласи дека со убиството на Солејмани се загрозува борбата против Исламската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG