Линкови за пристапност

Иран спречен да заплени танкери во Заливот, соопшти американската морнарица


Брод на иранската морнарица испукал истрели за време на вториот обид за заплена, изјави портпаролот на петтата флота на морнарицата, Тимоти Хокинс.
Брод на иранската морнарица испукал истрели за време на вториот обид за заплена, изјави портпаролот на петтата флота на морнарицата, Тимоти Хокинс.

ДУБАИ – Американската морнарица соопшти дека денеска интервенирала да го спречи Иран да заплени два комерцијални танкери во Заливот, како најнов од серијата заплени или напади на бродови во областа од 2019 година.

Од Шеврон рекоа дека еден инцидент го вклучува танкерот „Ричмонд Војаџер“, кој е голем носач на сурова нафта, управуван од американска нафтена компанија, и дека екипажот е безбеден.

Брод на иранската морнарица испукал истрели за време на вториот обид за заплена, изјави портпаролот на петтата флота на морнарицата, Тимоти Хокинс.

Двата инциденти се случија во Заливот во водите меѓу Иран и Оман.

Хокинс не кажа како американската морнарица го спречила тоа. Деталите за вториот брод вклучен во инцидентот не беа веднаш јасни.

Од 2019 година, има серија напади врз бродовите во стратешките води на Заливот во моменти на тензии меѓу САД и Иран.

Иран заплени два танкери со нафта за една недела пред нешто повеќе од еден месец, соопшти американската морнарица.

Според податоците на аналитичката компанија Вортекса, околу една петтина од светската понуда на сурова нафта и нафтени деривати поминува низ Ормускиот теснец, точка на задушување меѓу Иран и Оман.

Податоците за следење на бродот „Refinitiv“ покажуваат дека Ричмонд Војаџер претходно се закотвил во Рас Танура во источна Саудиска Арабија пред инцидентот во средата во Заливот.

Портпаролот на Шевон рече: „нема загуба на живот, повреда или загуба при задржувањето“ на бродот „Ричмонд Војаџер“.

„Бродот работи нормално. Безбедноста на нашиот екипаж е наш главен приоритет“, рече портпаролот во изјавата.

XS
SM
MD
LG