Линкови за пристапност

Иран соопшти дека лидерот на Хамас Исмаил Ханије бил убиен во Техеран


Никој веднаш не ја презеде одговорноста за атентатот.
Никој веднаш не ја презеде одговорноста за атентатот.

Лидерот на Хамас Исмаил Ханије е убиен во средата во Техеран, според одделни изјави објавени од Хамас и иранската паравоена Револуционерна гарда.

Никој веднаш не ја презеде одговорноста, но Израел претходно соопшти дека ќе го убие Ханија и другите лидери на Хамас по терористичкиот напад на 7 октомври во Израел.

Во својата изјава, Хамас изрази жалење за смртта на Ханије, која според нив е убиен во „предавнички ционистички напад врз неговата резиденција во Техеран“.

Ханије присуствуваше на церемонијата на положување заклетва на иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во вторникот.

„Рано утринава беше погодена резиденцијата на Исмаил Ханије во Техеран, што резултираше со мачеништво на него и на еден од неговите телохранители. Причината е под истрага и наскоро ќе биде објавена“, соопшти Револуционерната гарда.

Иранската државна телевизија јави за неговата смрт рано во средата.

Израел не коментираше веднаш, но честопати не коментира кога станува збор за атентатите извршени од нивната разузнавачка агенција Мосад, според извештајот на Асошиетед прес.

Нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври резултираше со 1.200 смртни случаи и 350 лица земени како заложници. Во својата подоцнежна воена кампања, Израел уби повеќе од 39.360 Палестинци и рани повеќе од 90.900, според Министерството за здравство на Газа, чиј број не прави разлика меѓу цивили и борци.

Во овој извештај се користени информации од Ројтерс и Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG