Линкови за пристапност

Иран соопшти дека добил судски налог за заплена на танкерот Ричмонд Војаџер


Иран соопшти дека добил судски налог за запленување на танкерот „Ричмонд Војаџер“ откако тој се судри со ирански брод во Оманскиот залив, според официјалната новинска агенција ИРИНН.

Американската морнарица соопшти дека интервенирала за да го спречи Иран да заплени два комерцијални танкери во Оманскиот Залив во средата.

Според соопштението цитирано од ИРИНН од Центарот за поморско пребарување и спасување на провинцијата Хормозган, Иран, танкер со нафта под знамето на Бахамите наречен Ричмонд Војаџер сериозно се судрил со ирански брод со седум членови на екипажот. Во судирот се повредени пет лица.

Според податоците на аналитичката компанија Вортекса, околу една петтина од светската понуда на сурова нафта и нафтени продукти преку море поминува низ Ормутскиот теснец, точка на спојување меѓу Иран и Оман.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG