Ако продолжи дипломатската криза, велат познавачите на состојбите, војните на Блискиот исток, вклучувајќи ја и борбата против Исламската држава веројатно ќе се прошират отколку да се решат по мирен пат.
Пиејќи чај на традиционална јеменска софа во главниот град на Јемен Сана, 41 годишниот сметководител Сулан Зајид, вели дека дипломатската битка меѓу Саудиска Арабија и Иран веќе ги интензивира тензиите во Јемен и оти нема значи на смирување на кризата.
Кувајт е последна нација со доминантно шиитско население кој што го повлече амбасадорот од Иран, по Бахраин, Судан и Обединетите Арапски Емирати. Причината е иста – протест поради егзукуцијата на шиитскиот водач Нимр ал-Нимр од страна на Саудиска Арабија.
По неговото погубување во саботата, беше нападната Саудиската амбасада во Техеран и Саудиска Арабија ги прекина дипломатските врски.
Извршниот директор на Меѓународниот институт за стратешки студии во САД Марк Фицпатрик, рече дека јазот е многу подлабок отколку актуелниот проблем.
Ако нуклеарниот договор меѓу Иран и светските сили се имплементира, според планираното, Техеран се очекува да биде изземен од санкциите, и нашироко да ја зголеми економската моќ и можноста да ги финансира милитантите во регионот, како Хезболах во Либан и Хутите во Јемен. Но, не се работи само за економско ривалство, коментира Фицпатрик.
„Конфликтот доби размер на сунитко-шиитско разединување, а има и долгогодишна нетрпеливост меѓу Персија и Арапските држави. Делумно е историски, а делумно е поради влошување на односите во регионот“, рече Фицпатрик.
Регионалните војни има помали шанси да бидат окончани низ мировни разговори ако главните играчи во регионот, и оние на военото поле – не може да преговараат, вели аналитичарот Џорџо Кафиеро, ко-основач на Центарот за анализирање на државите во Голфскиот залив.
„Дипломатската криза ги уништи можностите за мир во Сирија, а истото важи и за Јемен“, вели тој.
Аналитичарите велат дека милитантите од Исламската држава имаат најголеми придобивки од дипломатските кризи, при што има зголемување на хаосот кој оди во прилог на милитантите, кои, пак, вршат поделби во регионот.
Целосна војна меѓу овие две сили малку е веројатна, вели аналитичарот Кафиеро, но и Саудиска Арабија и Иран може да ја зголемат нивната инволираност во Сирија и Јемен, честопати како „ополномоштени војни меѓу двата регионални џина“.