Линкови за пристапност

Иран не успеа да лансира сателит


Иран најави продолжување на сателитска програма, иако тоа ја прекршува Резолуцијата на Обединетите нации од 2015 година со која се бара земјата осум години да не развива проектили

САД го критикуваа неуспешниот обид на Иран во вторникот да лансира сателит во орбитата.

Образложението на иранските власти е дека лансирањето пропадна кога ракетата која го носеше сателитот не ја постигна брзината потребна за да се придвижи во орбитата.

Иран соопшти дека неговата сателитска програма и лансирањата немаат воена цел и дека ќе продолжат и во иднина.

Државниот секретар Мајк Помпео изјави дека лансирањето ја прекршува Резолуцијата на Обединетите нации од 2015 година, со која Иран се повикува осум години да не ја развива технологијата на балистички проектили.

Резолуцијата е дел од нуклеарниот договор склучен помеѓу шест нации. Иран се повлече од договорот минатата година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG