Линкови за пристапност

Колку е оддржливо сојузништвото меѓу Русија и Иран?


Експертите велат дека останува да се види, а на тест треба да биде ставен и иранскиот нуклеарен договор.

За време на погребот на Акбар Хашеми Рафсанџани, клучна фигура во Исламската револуција во 1979-та година, и поборник за помирување со Западот, присутните реформистички настроени граѓани извикуваа слогани за ослободување на активистите за човекови права од иранските затвори, кои протестираат со глад. Воедно, тие повикуваа на ставање крај на се` поголемото сојузништво на Иран со Москва.

На видео снимки објавени на социјалните мрежи, се гледа како неколкумина од поворката, минувајќи покрај дипломатската мисија на Москва во центарот на Техеран, извикуваат „Смрт за Русија“ и „Руската амбасада е гнездо за шпиони“. Ова беше индикација за нивниот страв дека соработката меѓу Иран и Русија, нема да помогне во интензивирање на реформите во земјата.

По иранската револуција во 1979-та година, „Без Исток, без Запад“, беше популарна реформа во Иран, но изминативе неколку години, иако на моменти нестабилна, се разви алијанса меѓу Москва и Техеран. Иранско-руските односи се зајакнаа додека овие две земји тесно соработуваа околу воените напори да се спаси функцијата на сирискиот претседател Башар Ал Асад, нивниот заеднички сојузник.

Во таа насока, минатиот август, Иран и` дозволи на Русија да користи една од неговите воздухопловни бази, за изведување на воздушни напади во Сирија. Како дополнение, иранскиот министер за одбрана Хусеин Деган, изминативе три години на неколкупати ја посети Москва.

Сега и со Алепо целосно под контрола на сириската влада, заради руската воздушна сила и копнените сили организирани од Иран, остануваат отворени прашањата околу Блискиот Исток. Дали сојузот меѓу Русија и Иран е оддржлив, во услови кога во голем дел е осигуран опстанокот на Асад? Дали двете земји имаат заеднички интереси надвор од Сирија?

Со смртта на Рафсанџани, кој беше поддржувач на иранскиот нуклеарен договор и поборник за поголема политичка отвореност на Иран, некои реформисти предвидуваат дека тврдокорните струи во Москва и Техеран ќе се обединат во идеолошко непријателство кон Западот. На иранското прифаќање на Русија, гледаат како на контра-сила спрема САД, а Путин на Иран гледа како корисен сојузник, додека се обидува да ја врати Русија на светската сцена.

Таканаречениот тест на издржливост на ова сојузништво, може да се види наскоро, главно околу прашањето за иранскиот нуклеарен договор. Според спогодбата, постигната меѓу Иран и шесте големи светски сили, Иран се согласи да се откаже од спорните нуклеарни активности во замена за олеснување од меѓународните санкции.

Експертите коментираат дека останува да се види, а новоизбраниот претседател Доналд Трамп за време на кампањата вети дека ќе го „растури“ договорот што беше потпишан во јули, 2015-та година.

XS
SM
MD
LG