Иранската државна телевизија денеска емитуваше снимки од провладини митинзи низ целата земја, како одговор на неколкудневните антивладини протести заради економските проблеми во земјата.
Насобраните вееја ирански знамиња и изразуваа поддршка за Ајатолахот Али Каменеи.
Врховниот лидер претходно ги обвини другите влади за поттикнување на демонстрациите кои започнаа минатата недела и во кои загина најмалку 21 лице.
Американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер изрази поддршка за демонстрантите.
Советникот за национална безбедност, Ејџ Ар Мекмастер, во интервју за Гласот на Америка, рече дека иранската влада мора да биде одговорна за своите акции.
Амбасадорката на САД во ОН Ники Хејли, кажа дека иранските протести треба да бидат на агендата на Советот за безбедност на ОН. „Наскоро ќе свикаме вонредна седница на Советот за безбедност во Њујорк и во Советот за човекови права во Женева. Не смееме да молчиме. Иранскиот народ бара слобода“, додаде Хејли.
Во антивладините демонстрации кои почнаа минатиот четврток во градот Машхад, уапсени се стотици лица.
Facebook Forum