Линкови за пристапност

Десет жртви во протестите во Иран


Десет лица загинале во текот на ноќта во антивладините протести во Иран коишто траат веќе неколку дена, соопшти Иранската државна телевизија.

Претходно, новинската агенција ИЛНА цитираше ирански пратеник кој изјавил дека две лица загинале во југозападниот град Изех, но дека сé уште не знае кој е одговорен за убиството.

Актуелните немири започнаа со релативно мал протест минатиот четврток во Машхад, вториот по големина град во Иран, и главната база за противниците на умерениот претседател Хасан Рухани, пред да се прошират и во други делови на земјата.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, истакна дека е „мошне загрижена“ заради фактот што Техеран им забранува на Иранците да комуницираат преку социјалните мрежи во обид да ги задуши протестите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG