Линкови за пристапност

САД и Иран со меѓусебни напади поради протестите


Иранскиот претставник во ОН ги обвини САД за „скандалозни интервенции“, додека Трамп најави поддршка за демонстрантите

Иран се соочи со антивладини протести, но и со демонстрации на владини симпатизериза, додека САД му дадоа целосна поддшка на иранскиот народ.

Иранскиот претставник во Обединетите нации ги обвини САД за „скандалозни интервенции“.

Протестите беа поради економски проблеми, повикувајќи на целосни реформи од иранската влада, а во нив загина најмалку 21 лице, додека стотици други беа уапсени.

Вчера, иранските државни медиуми објавуваа само видеоснимки од провладините митинзи, додека оние од демонстрантите против Владата, се ширеа на социјалните мрежи.

„Можеме да го објавиме крајот на бунтот во 2018-та година“, објави на неговата веб-страница Мохамед Али Џафари, командант на Револуционерната гарда, додавајќи дека бројот на демонстранти не надминува повеќе од 15 илјади луѓе во целата држава.

Тој рече дека Револуционерната гарда распоредила ограничен број војници во Исфахан, Ларестан и во Хамадан.

Американскиот претседател Доналд Трамп, преку Твитер, ја изрази неговата најнова поддршка за оние кои не се задоволни од владата во Иран.

„Големо почитување за народот на Иран, кој се обидува да ја врати неговата корумпирана Влада“, напиша Трамп и додаде:

„Ќе добиете голема поддршка од САД во соодветно време“.

Од овие изјави не може прецизно да се утврди што мислел Трамп.

Највисоките ирански лидери, вклучувајќи го и Врховниот лидер Али Камнеи, ги обвинија странските влади за поддршка на протестите.

Иранскиот амбасадор во Обединетите нации Голамали Хошру, вчера испрати писмо до Советот за безбедност на ОН и Генералниот секретар Антонио Гутереш, велејќи дека „многуте апсурдни твитови“ на Трамп и на американскиот потпретседател Мајк Пенс „ги поттикнуваат Иранците да направат погрешни чекори“.

„Сегашната американска администрација ги надмина сите граници во правилата за негирање, како и во принципите на меѓународното право, со кои се регулира цивилизираното однесување во меѓународните односи“, напиша Хошру.

Делегацијата на САД побара од Советот за безбедност да одржи вонредна седница заради протестите, но, досега не е закажана.

Во меѓувреме потпретседателот на САД Мајк Пенс, во интервју за Гласот на Америка, укажа на подготвеноста на Трамп да ги поддржи демонстрантите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG