Линкови за пристапност

Пет години затвор за братот на иранскиот претседател


Хусеин Ферејдун e осуден поради корупција и подмитување

Братот на иранскиот претседател Хасан Рoхани е осуден на пет години затвор за корупција и мито.

Судскиот портпарол, Голамхосеин Исмаили, денеска за новинарите изјави дека Хусеин Ферејдун, братот на Рохани, може да се соочи со дополнителни обвиненија во друг случај, иако не даде детали за тоа.

Новинската агенција Фарс цитираше „информиран извор“ дека „Ферејдун наводно ѝм плаќал големи суми пари на одредени лица со цел поткуп во банки и други влијателни сектори во економијата“.

Пред две години, повеќе од 46 пратеници го повикаа Рохани да го изведе својот брат пред судот за да се соочи со „обвиненија за финансиска корупција“.

Ривалите на Рохани Ферејдун, кој е член на внатрешниот круг на претседателот, го нарекоа „очи и уши“ - за корупција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG