Линкови за пристапност

Трет ден протести на студенти во Техеран поради соборувањето на украинскиот авион


Иранските државни медиуми ја цитираат Техеранската полиција, која вели дека полицајците не пукале во протестантите

Стотици студенти од Технолошкиот универзитет Шариф во Техеран, трет ден по ред, протестираат против нивните исламистички владетели, откако Иранската влада призна дека по грешка го соборила украинскиот патнички авион.

Во неколку видеа прегледани од Гласот на Америка, се гледа како студентите од овој престижен универзитет, вчера со слогани в раце, се собраа пред универзитетскиот кампус, каде слушаа говори на неколку критичари на Владата.

Гласот на Америка не можеше независно да ја провери автентичноста на видеата.

Видео, пак, кое се рашири на социјалните мрежи покажува како демонстрантите во Техеран бегаат од солзавецот што го пушти полицијата.

Во други материјали објавени на интернет се гледа жена на земја, со крв наоколу, за која очевидците велат дека била застрелана.

Иранските државни медиуми ја цитираа Техеранската полиција, која вели дека полицајците не пукале во протестантите и оти делувале лимитирано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG