Линкови за пристапност

Иран проговори за притворањето на фоторепортерката Џафари


Иранските власти молчеа за случајот се додека документ за апсењето не беше објавен на социјалните мрежи

Иран го прекина молкот за случајот со притворањето на фото-репортерката Носхин Џафари, чие што апсење на почетокот на овој месец предизвика бурни реакции на филмските работници и актери кои работеле со неа.

Судскиот портпарол Голамхосеин Исмаили истакна декапричина за притворот е ширење на антивладина пропаганда, како и навредување на имамот Хусеин ибн Али.

Исмаили, исто така, е цитиран како објаснува дека при претресот на просториите и техничката опрема поврзана со притвореничката, властите пронашле материјал што се сметал за несоодветен за некој од професијата.

Иранските власти молчеа за случајот Џафари се до минатата недела, кога корисниците на социјалните мрежи објавија дека таа била уапсена на трети август. Истовремено објавија и фотографија од судски документ во кој се наведува дека властите ја пребарале нејзината куќа истиот ден, конфискувајќи ѝ го мобилниот телефон, како и мемориски дискови и камери.

Фоторепортерката немала никаков контакт со нејзиното семејство една недела по притворот, изјавила нејзината сестра Шехерезад Џафари во интервју за Иранскиот Ensaf News.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG