Линкови за пристапност

Нема повеќе отстапки од санкциите за купување иранска нафта


САД ги заострија економските санкции за Иран со цел да се прекинат приходите кои на режимот му се потребни за финансирање на тероризмот и насилните војни во странство

Соединетите американски држави ги заострија економските санкции за Иран, со тоа што денеска ги прекинаа отстапките кои што досега им овозможуваа на некои од најголемите купувачи на нафта во земјата да продолжат со набавките.

Со укинувањето на отстапките за осум купувачи, државниот секретар Мајк Помпео вели дека САД ќе извршат „максимален притисок“ врз иранската влада.

Американскиот Стејт департмент потегот го оцени како исполнување на ветувањето на администрацијата на Трамп „да го сведе извозот на нафта на Иран на нула за да ги прекине приходите кои на режимот му се потребни за финансирање на тероризмот и насилните војни во странство“.

Иранскиот министер за нафта Бијан Зангане во средата изјави дека САД нема да можат да го намалат иранскиот извоз на нафта на нула и дека иранските соседи што произведуваат нафта ја преценуваат нивната способност да го зголемат производството на ниво кое ќе ја замени иранската нафта што е блокирана.

Откако минатиот месец објави дека има намера да ги прекине отстапките од санкциите, администрацијата на Трамп изрази уверување дека земјите како Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати ќе ја надоместат загубата на иранската нафта.

Турција и Кина изразија незадоволство од акцијата на САД, но не е јасно дали ќе продолжат да купуваат иранска нафта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG