Иран соопшти дека ќе преземе „силен исчекор“ од меѓународниот нуклеарен договор од 2015-та година, доколку европските држави не преземат чекори за да помогнат во заобиколување на санкциите за продажба на нафта кои ги воведоа САД.
Портпаролот на иранската влада, Али Рабие рече дека „иранската нафта треба да биде продавана, а парите од продажбата треба да се вратат во Иран“.
Иранските власти поставија рок до петок за друго повлекување од договорот со кој беше ограничена нуклеарната програма на државата во замена за олеснување на санкциите.
Иран веќе ги надмина ограничувањата на количината за складирање и збогатување на ураниум.
Техеран не прецизираше кој ќе биде следниот чекор, но тоа може да биде збогатување на дури и на повисоки нивоа од сегашните 4,5 проценти или повторно стартување на центрифугите кои беа исклучени како дел од договорот.
Facebook Forum