Линкови за пристапност

Пентагон објави нови фотографии за нападот на танкерите


Снимките се во прилог на обвинувањето дека Иран е одговорен за нападот на два нафтени танкери во Оманскиот залив

Одделот за одбрана на САД издаде нови фотографии за кои се тврди дека се доказ дека Иран нападнал два странски танкери на нафта минатата недела во Оманскиот залив.

Снимките го покажуваат она за што САД вели дека се активности на иранската револуционерна гарда како отстранува неексплодирана мина од јапонскиот танкер.

Друга снимка покажува голема дупка на танкерот за која од Пентагон велат дека најверојатно е предизвикана од друга мина.

„Врз основа на видео-доказите, ресурсите и експертизата потребни за брзо отстранување на неексплодирани мини, Иран е одговорен за нападот“, се вели во соопштението на Пентагон во прилог на фотографиите.

Иран ја негираше вмешаноста во нападите, нарекувајќи ги тврдењата „смешни“ и „опасни“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG