Линкови за пристапност

Трамп ќе го десертифицира Договорот со Иран


Според најавите, американскиот претседател се очекува одлуката да ја објави наредната недела, при што ќе подвлече дека договорот не е во национален интерес на САД

Претседателот Доналд Трамп најверојатно ќе го десертифицира Нуклеарниот договор со Иран и ќе го врати на Конгресот за можно обновување на санкции спрема оваа земја, соопштија американски официјални лица.

Се очекува Трамп одлуката да ја објави наредната недела, при што ќе подвлече дека договорот не е во национален интерес на САД.

Претседателот по прашањето синоќа разговараше со претставници на армијата, кои беа поканети на работна вечера во Белата куќа.

„Иранскиот режим го поддржува тероризмот и извезува насилство, крвопролевање и хаос низ Блискиот Исток. Затоа мораме да ставиме крај на иранската континуирана агресија и нуклеарни амбиции на Иран. Тие не дејствуваат во духот на договореното“.

Трамп на секои 90 дена треба да соопшти дали Иран се придржува на договорот, а следниот рок е 15-ти октомври.

Иран го потпиша договорот во 2015-та година со поранешната администрација на Обама, заедно со Велика Британија, Кина, Франција, Германија и Русија.

Договорот првенствено го повикува Иран да ја прекине програмата за збогатување на ураниум, со што би го загубил капацитетот за производство на нуклеарна бомба. Во замена, САД и нивните сојузници ќе укинат бројни санкции што и` наштетија иранската економија.

Иран досега се придржува до спогодбата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG