Линкови за пристапност

Нова рунда преговори со Техеран


Претседателот Рухани изрази оптимизам и рече дека сака разврска меѓу Иран и Западот околу нуклеарната програма.

Иран започнува нова рунда преговори за нуклеарната програма со САД и Европа, со ново уверување од претседателот Хасан Рухани дека договор може да биде постигнат до наредниот месец.

Во телевизиско интервју од понеделникот, Рухани подвлече дека „светот е уморен“ и сака да види разврска на дипломатскиот спор меѓу Техеран и Западот за програмата на збогатување на ураниум.

Американски и претставници на ЕУ се очекува да се сретнат со нивните ирански колеги во Виена во вторник и среда, на разговори за нуклеарните активности на Техеран.

Коментарите на Рухани значат позитивен пресврт за иранскиот лидер, кој на маргините на Генералното собрание на ОН минатиот месец кажа дека напредокот на нуклераните преговори со претставници на западните земји е „неверојатно бавен“. Претседателот Рухани сега потенцира дека ќе остане на преговарачката маса дури и ако истече рокот за постигнување на спогодба, закажан за 24-ти ноември.

САД и земјите од групата П5+1 (Британија, Кина, Франција, Русија и САД плус Германија), бараат елиминирање на програмата за збогатување на ураниумот, за кој Иран тврди дека е наменета исклучително за мирнодопски цели. Сепак постои стравување дека технолошките усовршувања ќе му дозволат на Техеран да развие нуклерно оружје.

XS
SM
MD
LG