Иран покрена судска постапка против САД во Светскиот суд, поради наредбата на претседателот Доналд Трамп повторно да воведе санкции, укинати со нуклеарната спогодба во 2015-та година.
Во денешното соопштение на Судот се вели дека Иран бара да им се нареди на САД да ги укинат санкциите.
Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, рече дека е посветен на владеењето на правото, во пресрет на непочитувањето на САД на дипломатијата и законските обврски.
Иран соопшти дека санкциите го кршат договорот од 1955-та година, наречен Договор за пријателство и економски односи.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент за Ројтерс изјави дека сето ова е безнадежно, и оти не постои правен основ за прифаќање.
Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека не постои правен основ за ваква тужба
Facebook Forum