Линкови за пристапност

Иран со нов ракетен систем


Откривањето на системот доаѓа во време на зголемени тензии со САД

Иранските државни медиуми објавија дека Владата го открила новиот мобилен ракетен систем со долг дострел произведен дома.

Откривањето на новиот систем доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД, како и на меѓународни санкции и ембарга за увоз на многу типови оружје.

Загриженоста околу балистичката програма на Иран придонесе САД минатата година да го напуштат Договорот со Техеран, со кој Иран се обврза да ги намали нуклеарните амбиции во замена за олеснување на економските санкции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG