Линкови за пристапност

Нови санкции за Иран


Санкциите ќе се однесуваат на автомобилската индустрија, златото, јагленот, челикот и друго

Во време кога САД се подготвуваат да постават нови санкции спрема Техеран, државниот секретар на САД, Мајк Помпео кажа дека Иран мора да почне да се однесува „како нормална држава“.

„Се работи за незадоволството на Иранците од нивната влада, а претседателот Трамп беше многу јасен. Сакаме иранскиот народ да може да избере кого сака на раководна функција“, изјави Помпео во неделата за новинарите.

Тој рече дека Белата куќа денеска ќе ги објави санкциите што ќе стапат на сила утре и со кои ќе бидат опфатени широк спектар на ирански индустрии, вклучувајќи ја и автомобилската, златото, јагленот и челикот. Иранската влада, исто така, нема да може да купува американски и европски авиони како и американски банкноти.

Луѓето и компаниите вклучени во овие индустрии, добија 90-дневен период да ги намалат своите активности. Тој период истекува денес.

Санкциите против иранскиот енергетски извоз треба да се вратат на сила во ноември.

Претседателот Доналд Трамп ги повлече САД од нуклеарниот договор од 2015-та година со Иран и пет други држави.

Со Договорот Иран е должен да ја намали програмата за збогатување на ураниум во замена за укинување на некои од санкциите. Трамп договорот го нарече ужасен, бидејќи како што вели тој, му дава на Иран можност да ја рестартира својата нуклеарна програма.

Иран негира дека постои нуклеарна програма која имала за цел развивање на нуклеарно оружје.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG