Линкови за пристапност

Кери: Има уште работа со нуклеарната програма на Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери, од Париз рече дека е потребна работа да се одржи договорот во живот

Точно пред една година, дипломати од Иран и група од шест светски моќници, на состанок во Виена, Австрија, постигнаа договор за ограничување на нуклеарната програма на Иран, во замена со ослободување од економски санкции.

Американскиот државен секретар Џон Кери, од Париз зборуваше по овој повод, велејќи дека тоа е големо постигнување, но дека претстои уште работа.

„Треба да продолжиме да работиме, и ќе продолжиме да работиме. Имаме специјално надлежен амбасадор, чиј секојдневен напор го води тимот, со цел да осигура дека овој договор се одржува во живот, дека продолжуваме да бидеме способни да решаваме какви било проблеми“.

Кери рече дека светот може да се гордее со фактот дека комплицирани мултилатерални преговори придонеле регионот да има помалку насилство, и светот да биде побезбеден.

XS
SM
MD
LG