Линкови за пристапност

Иран очекува да го надмине лимитот на дозволен збогатен ураниум


Резервите ќе се зголемат, односно ќе стасаат до повеќе од 300 килограми лимит до 27 јуни

Иранската организација за атомска енергија изјави дека државата наскоро ќе го надминие лимитот на дозволен збогатен ураниум согласно меѓународниот договор од 2015-та година.

Организацијата соопшти дека резервите ќе се зголемат, односно ќе стасаат до повеќе од 300 килограми лимит до 27 јуни.

Сепак, организацијата нагласи дека Иран ќе биде отворен повторно да го разгледа лимитот, ако добие помош од другите потписнички на договорот, во избегнување на санкциите од САД наменети за виталната нафтена индустрија.

Иран се согласи да ја лимитира нуклеарната програма согласно Договорот од 2015-та година, а за возврат да добие олеснување на економските санкции.

САД, пак, се повлекоа од Договорот минатата година, оставајќи ги Британија, Кина, Франција, Русија и Германија да најдат начин како да го одржат функционален.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG