ВАШИНГТОН —
Иран денес одржа погребна церемонија за нуклеарниот научник Мохсен Фахризадех, чие убиство во петокот поттикна закани за одмазда од страна на иранските лидери.
Министерот за одбрана Амир Хатами, рече дека смртта на Фахризадех ќе ги направи Иранците пообединети и посветени, и оти државата ќе ја продолжи нејзината работа со поголема брзина и сила.
Иран го обвини Израел за убиството на иранскиот научник. Израелскиот министер за разузнавање Ели Коен, пак, денес, за израелска радио станица, рече дека не знае кој е одговорен за убиството на научникот.
Facebook Forum