Иранското правосудство соопшти дека ја извршило смртната казна на Мохамад Гобадлу, кој беше обвинет дека влетал во група полицајци, убивајќи еден и ранил пет други.
Властите го приведоа Гобадлу среде задушувањето на протестите што следеа по смртта на Махса Амини во полицискиот притвор во 2022 година.
Гобадлу беше осуден на смрт во ноември 2022 година.
Амнести интернешнал изрази загриженост за неговото гонење и третман во затворот, велејќи дека има информации дека тој постојано бил тепан и принуден да признае.
Клара Бунгер, членка на германскиот парламент, за персиската редакција на Гласот на Америка изјави дека била шокирана кога слушнала дека Иран продолжува со егзекуцијата само неколку месеци откако судот се согласил да го разгледа случајот.
Бунгер рече дека Германија треба да го повика Иран да ги запре таквите егзекуции.
„Мислам дека дефинитивно е вистинската работа да се повика Исламската Република да ги прекине егзекуциите бидејќи тие се незаконски егзекуции“, рече Бунгер.
„Тоа се незаконски судења што се случуваат, а оние луѓе што се политички затвореници треба да се ослободат и да добијат правично судење во систем каде владеењето на правото е основа за одлуки, а тоа не е случај“, додаде Бунгер.