Иранскиот претседател Хасан Рухани испратил закон во Парламентот со кој би се скратиле четири нули од вредноста на државната валута.
Новински агенции објавија дека Рухани итно го испратил законот на разгледување во Парламентот.
Вредноста на иранската валута драстично опадна како резултат на одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги повлече САД од договорот од 2018-та година, меѓу Техеран и светските сили, како и поради повторното воведување на санкциите.
Овој потег се одрази врз продажбата на нафтата на Иран во странство, додека Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во април годинава најави оти очекува намалување на иранската економија за шест проценти, како што државата се мачи да се справи со санкциите од САД.
Facebook Forum