Иранската влада објави дека произвела антивирусна програма со способност на “најсофистицирано кибернетско оружје досега создадено“.
Комјутерски вирус кој краде информации напаѓа комјутери во Иран и други делови од Блискиот исток.
Иранскиот центар за ургентен компјутерски одговор соопшти дека антивирусот може да идентификува и отстрани софистициран вид на вирус, кој еден ден претходно беше идентификуван од руска компанија која се занимава со кибернетска безбедност. Иранското министерство не потврди дали вирусот направил некоја штета.
Руска компанија го нарече вирусот „Оган“ и кажа дека има „комплексност и функционалност“ која ги надминува досегашните кибернетски вируси во светот. Понатаму се вели дека вирусот досега украл информации од комјутери во Иран, Израел и други делови од светот.
Во друг извештај, унгарска лабараторија за криптографија и компјутерска безбедност тврдеше дека унгарски компјутери исто така биле инфицирани.
Засега никој не ја презеде одговорноста за компјутерските напади.
Но, израелскиот вицепремиер Моше Јалон рече дека кибернетските оружја како вирусот „Оган“ се значајна алатка за било која нација која се обидува да се справи со заканата од нуклеарно-вооружен Иран. Тој рече дека Израел е „технолошки богата нација“, чии алатки отвараат секакви „видови на можности“.