Линкови за пристапност

Стејт департментот отворено зборуваше за трансакцијата до Иран


Претходно, претседателот Обама, порекна дека исплатата на Иран на истиот ден кога беа ослободени американските заложници, била, „одредена злобна зделка“.

Американската администрација за прв пат отворено потврди дека 400-те милиони долари платени во готово на Иран, биле искористени како залог за ослободување на група американски затвореници во Техеран.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби, го повтори владиниот став дека преговорите за враќање на иранските пари - резултат од прекинатиот договор за оружје со иранскиот шах поддржан од САД во 70-те години - биле водени одвоено од разговорите за ослободување на американските државјани во Иран.

Претседателот Обама на почетокот на август порекна дека исплатата на Иран на истиот ден кога беа ослободени заложниците, била, „одредена злобна зделка“, потенцирајќи дека трансакцијата била обелоденета во јануари, еден ден по имплементацијата на американскиот нуклеарен договор со Техеран.

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го осуди чекорот и го обвини Обама дека не ја зборува вистината.

XS
SM
MD
LG